Сончев и многу топол ден, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Објавено: 21 јули, 2026, во 09:02 часот

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, гласи временската прогноза за денешниот ден на Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ). Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

Температурата се очекува да се движи од 12 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така е најавено сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Се очекува температура од 16 до 35 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, до петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, температурата значително ќе опадне.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.