Сончево и многу топло време, температури над 40 степени
Објавено: 22 јули, 2022, во 09:14 часот
Времето денеска сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите во некои делови од земјата ќе се искачат над 40 степени. УВ зрачењето е 9.
Под влијание на топол бран следува период на многу топло време со високи температури кои ќе бидат над просекот и на целата територија ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.
Во недела попладне и кон крајот на денот ќе има зголемена облачност и услови за изолирана појава на нестабилност со засилен ветер, краткотраен пороен дожд и грмежи.


