Сончево и натпросечно топло време

Објавено на 15 септември, 2022 во 09:10

Времето денеска сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе биде западен и ќе засилува, а вдолж Повардарието ќе биде југоисточен. УВ индексот ќе изнесува 7.

Под влијание на јужно воздушно струење, особено топло ќе биде денес и утре со дневна температура над повеќегодишниот просек. Ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури, а особено во западните делови ќе дува и засилен југозападен до западен ветер.

Во сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во недела особено претпладне ќе има појава на краткотраен пороен дожд и ќе дува силен северен ветер кој најпрвин во северните делови ќе донесе значително заладување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.