Сончево и топло со температури до 40 степени, попладне можен дожд
Објавено: 6 август, 2026, во 08:56 часот
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови се очекува развој на нестабилност, проследена со пороен дожд и со грмежи, а локално се можни и краткотрајни невремиња. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 Целзиусов степен, а дневните максимални ќе достигнат од 31 до 39 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Дума.мк


