Сончево и топло, температурата до 38 степени
Објавено: 29 јули, 2026, во 09:06 часот
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 Целзиусов степен, а дневните максимални ќе достигнат од 30 до 38 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, проследено со слаб ветер од променлив правец.
Топлото време ќе се задржи и во наредните денови, а во првата декада од август се очекува температурата да достигне 40 степени.



