Сончево претпладне, пороен дожд попладне
Објавено: 1 јуни, 2023, во 09:24 часот
Денеска претпладне во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Утринската температура ќе се движи од 9 до 15 степени, а дневната од 18 до 28 степени.
Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде 13 степени, а максималната 26 степени.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Дума.мк


