Сончево време, попладне нестабилно со локален пороен дожд
Објавено на 6 јули, 2022 во 09:13

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме. Ќе има пад на температурата за околу 3 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Под влијание на нов влажен бран во петок и сабота ќе биде нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, значителен пад на температурата, локално во форма на невреме со силни електрични празнења, град и засилен ветер.
