Сончево време со мала локална облачност
Објавено: 15 февруари, 2024, во 09:12 часот
Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
До сабота времето ќе биде претежно сончево на повеќе места со негативни утрински температури. Зголемена облачност ќе има од недела, а од почетокот на следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд.
Дума.мк


