Сончево време со мала локална облачност, во недела пообилни врнежи

Објавено на 14 април, 2022 во 09:28

Времето денеска сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

До петок ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Во сабота ќе има зголемена облачност, а од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно, ветровито и значително постудено време со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Пообилни врнежи се очекуваат во недела, особено во јужните и источните делови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.