Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

Објавено на 15 јануари, 2024 во 09:31

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинските превои Буково и Пресека, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.

-Намалена видливост поради појава на магла од 70 до 80 метри има на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.