Состојба на патишта: Од утре ќе се санираат свлечиштата кај селата Глобочица и Луково

Објавено: 4 април, 2022, во 09:40 часот

ВИЈАДУКТ ТРЕЈТ известува дека почнувајќи од вторник 05.04.2022 ќе започнат градежни активности за санација на свлечишта кај село Глобочица и кај село Луково на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар и ќе има комплетно затвoрање на овој дел од патот секој ден во термин од 10-14 часот во следниот период од 6 месеци. Градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.