Спасовски: Бонус плата од 463 евра за 5.897 вработени во МВР
Денеска, на 5.897 вработени во МВР, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2021 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 28.718 денари (463 евра), информираше преку својот Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
За оваа намена од Буџетот на МВР се издвоени 188.167.373 денари, напоменува министерот додавајќи дека средствата се обезбедени со домаќинско и планско работење.
-Досега, вклучувајќи ја и бонус платата за 2021 година, исплативме пет бонус плати со вкупна вредност од 561.773.133 денари односно 9.060.857 евра.Ова раководство на МВР е решено континуирано да го унапредува статусот на полициските службеници и вработените во МВР, како преку драстичното и сеопфатно материјално-техничко и инфраструктурно подобрување на условите за работа, така и со спроведувањето на гарантираните права на сите вработени, секогаш имајќи го предвид фактот дека само задоволна полиција претставува ефикасен сервис на граѓаните, работи со полн капацитет и легитимитет и испорачува резултати во активностите за справување со криминалот, напиша Спасовски.