Спасовски: Покачување од 95% во делот на откривање на прекуграничниот криминал и илегалната миграција
И Регионалниот Центар за Гранични Работи Запад, во годината која изминува како резултат на добрата поставеност, преземените мерки и активности бележи значајни резултати во сите области. Во делот на откривање на прекуграничниот криминал и илегалната миграција бележиме покачување од 95%, информира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Спасовски истакна и дека во однос на откривачката дејност, откриени се четири парцели насадени со марихуана при што се запленети 524 стебла со зелена тревкаста материја.
-Годинава преземавме и низа активности по водите на Охридско Езеро и на копно со цел откривање на незаконско влегување и шверц на стока, откривање на Кривични дела „Незаконит риболов“ и прекршоци од Закон за внатрешна пловидба и Закон за рибарство и аквакултура, при што бележиме покачување од 91 %. Во периодот од јануари-ноември 2022 година, споредбено со истиот период минатата година регистрирано е зголемување на протокот на патници за 27 %, соопшти министерот.