Стабилно и постудено време со ниски утрински температури

Објавено на 10 јануари, 2024 во 09:10

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Од УХМР соопштија дека ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -3, а максималната ќе достигне од -1 до 8 степени.

Од УХМР посочуваат дека во наредните денови следува период на стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.