Сугарески поднесе оставка од функцијата претседател на Надзорниот одбор на СДСМ
Претседателот и член на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески утрово на својот Фејсбук профил соопшти дека во знак на морална одговорност поднесува оставка од неговата функција, како последица на неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво.
– Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки. Упатувам благодарност на актуелното партиско раководство, како и на сите членови на партијата за укажаната можност да извршувам високи партиски функции, меѓу кои и последната, претседател и член на Надзорниот одбор, наведува Сугарески во објавата.
-Јас сум социјалдемократ, секогаш тоа и ќе бидам. Останувам верен на партијата и се ставам на располагање за било каков понатамошен ангажман, додава Сугарески во објавата на фејсбук профилот.