Не очекува кочан ладна зима!?
Европскиот метеоролошки центар прогнозира температури од минус 30 степени Целизусови со кои посебно ќе биде погоден Балканот, додека руските метеоролози пред неколку дена излегоа со прогноза дека оваа зима ќе биде најстудена во последните илјада години, пренесува “Слободна Европа“.
Како што соопштија од Европскиот центар за среднорочна прогноза, Европа ја чека невообичаено студена зима како последица на пеколно топлото лето во Североисточна Европа и поголемиот дел од Сибир.
“Прогнозата, што се работи на долго време, сè помалку е валидна. Сè уште науката нема толку прецизни методи. Она што може да се каже е дека оваа зима веројатно ќе биде постудена од минатата“ рече Жељко Мајсторовиќ од Сараево за „Слободна Европа“. Белградскиот метеоролог Бранко Спаравало вели дека прогнозата е прилично храбра.
“Прашање е засега колку таа прогноза ќе се оствари. Вредностите што се наведуваат, дека температурата ќе падне и до минус 30 степени на Балканот се многу ниски и таквите вредности се многу ретки, не само во текот на една деценија, туку и во текот на еден век. Тоа е многу храбра прогноза и генерално не можеме да се потпреме на прогнози што се во експериментална фаза“ вели Спаравало.
