Нови паралелки за децата на имигрантите од Романија и Бугарија треба да отвори Берлин
Малиот број на паралелки во училиштата како и малубројниот персонал во главниот град на Германија не можат да се справат со напливот на големиот број на деца бегалци и имигранти од Бугарија и Романија,објави весникот Berliner Morgenpost.
Весникот пишува дека голем број на училишта во Берлин веќе биле преполни и дека се јавила потреба од нови одделенија за децата на романските и бугарските имигранти кои немаат познавање на германскиот јазик.
Многу училишта во главниот град на Германија веќе ги надминале своите капацитети пишува весникот. Потребни се повеќе одделенија за децата на бегалците и на бугарските и на романските имигранти, коишто не го знаат германскиот јазик.
Во септември оваа година германските власти во областа на образованието излегле со податок дека бројот на ваквите паралелки бил 136 и во нив наставата ја следеле 1.700 деца,бројка која постојано растела.
Berliner Morgenpost објавува дека лани во Берлин имало 60 паралелки за деца кои немале познавање на германскиот јазик. Програмата за интеграција на децата на имигрантите налага дека тие за една година треба да ги научат основите на јазикот и потоа да се вклучат во нормална настава во вообичаените паралелки во училиштата.