ОБСЕ:Изборите во САД беа фер и демократски
Објавено на 10 ноември, 2012 во 12:26
Според претставниците на набљудувачката мисија на ОБСЕ изборите за претседател во САД минале во фер, слободна и демократска атмосфера. Организацијата за време на гласањето имаше 100 набљудувачи од 20 држави.
Според Жоао Соарез, пратеник во португалскиот парламент и шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ нема големи прекршувања на изборниот процес,регистрирани се мали прекршувања што е вообичаено насекаде низ светот.
ОБСЕ излезе и со оценка дека финансирањето на политичките кампањи од приватни извори може негативно да влијае врз праведноста на изборниот процес. Двата политички табора во кампањата, за претседателските избори потрошиле шест милијарди долари и со тоа овој изборен процес стана најскапиот во историјата на САД.