Пахор и Турк остануваат во трката за претседател на Словенија!
Објавено на 12 ноември, 2012 во 10:54
Поранешниот премиер Борут Пахор освои 40 отсто од гласовите додека за актуелниот претседател Данило Турк гласаа 35,84 отсто од Словенците.
Овие двајца кандидати за претседател на Словенија уште еднаш ќе ги одмерат силите во втор изборен круг што ќе се одржи по три седмици.
Државната изборна комисија во неделата, доцна навечер, објави дека на првиот изборен круг за претседател на Словенија излегле 816 илјади избирачи, односно одѕивот бил малку помалку од 48 отсто како и дека од изборната трка излегол европратеникот Милан Звер кои освоил 24,16 отсто од гласовите на избирачите.
