Градоначалник во Франција, штрајкува со глад!
За да обезбеди поголема помош за неговата општина , градоначалникот на францускиот град Севран, петти ден штрајкува со глад. На овој начин Стефан Гатињон се обидува да ги издејствува петте милиони евра што и се потребни на локалната власт во Севран која добила десет пати помалку пари од државата.
Во изјавата што ја даде на медиумите, градоначалникот, предупреди дека понудените 50.000 евра нема да значат ништо за локалниот економски развој бидејќи ќе запре изградбата на објектите во општината, не ќе можат да се платат обврските кон компаниите кои ќе претрпат последици, ќе се затворат а со тоа ќе се зголеми невработеноста.
„Како ќе им објаснам на граѓаните дека училиштето, кое што се гради, нема да биде завршено. Дали случајно премиерот или ресорниот министер ќе отидат до компаниите или ќе им објаснат на граѓаните дека градот не може да обезбеди пари затоа што банките не даваат позајмици“, јавно праша градоначалникот Гатињон.