Голема акција на италијанската полиција, уапсени се вкупно 160 криминалци
Објавено на 9 февруари, 2021 во 12:55
09.02.2021
Од утрово, во голема акција на италијанската полиција, 160 лица вмешани во криминал завршија во истражен затвор, пренесуваат италијанските медиуми.
Акцијата била спроведена на целата национална територија, а уапсените припаѓале на разни криминални организации, вклучително и на мафијата, кои учествувале во набавка на големо и дистрибуција на дрога.
Членовите на калабриската криминална организација „Ндрангета”, кои дејствуваа во северниот регион Ломбардија, беа уапсени во градот Лече.
Началникот на полицијата во Месина изјави дека „операцијата му зададе голем удар на организираниот криминал”, дека акцијата следела по неколкумесечни обемни истраги и дека повеќе од 750 полицајци од сите служби учествувале во утринската акција.