„Фајзер” и „Бионтех” почнаа студии за ефикасноста и безбедноста на вакцината против коронавирусот кај бремени жени

Објавено на 19 февруари, 2021 во 10:34

pfizer 1

19.02.2021

„Фајзер” и „Бионтех” почнаа студии за ефикасноста и безбедноста на нивната нова вакцина против коронавирусот кај бремени жени на возраст од 18 години и повеќе. Првите учесници веќе се вакцинирани, се вели во соопштението.

Вкупно четири илјади бремени жени на возраст од 18 години и повеќе учествуваат во студиите, вакцинацијата се спроведува во период од 24-34 недели од бременоста.

Секоја жена ќе учествува во студијата од 7 до 10 месеци, во зависност од тоа дали примила вакцина или плацебо. Покрај тоа, децата родени на учесници на тестот ќе бидат следени до возраст од шест месеци.

Претходно беше објавено дека бројот на случаи на инфекција со коронавирусот во светот надмина 110 милиони.

На крајот на јануари, Светската здравствена организација издаде ново мислење за вакцинацијата на бремени жени. Експертите велат дека и тие можат да бидат имунизирани, се додека не се од групи со висок ризик.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.