Циклонот Ниран го погоди североисточниот дел на Австралија

Објавено на 2 март, 2021 во 09:58

cikoon

02.03.2021

Повеќе од 40.000 домаќинства се без електрична енергијa, откако тропскиот циклон Ниран го погоди североисточниот дел на Австралија. Силниот ветер и обилните дождови урнаа голем број дрвја, оштетија далноводи. Во предградието на Таунсвил делумно се оштетени повеќе згради. Обилниот дожд предизвика и поплави.

Поради невремето се затворени 38 училишта, а жителите на неколку градови на источниот брег на Австралија се предупреддени да се подготват за евакуација.

Според метеоролозите циклонот Ниран во следните два дена нема да загуби од јачината и ќе се движи кон север.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.