Бугарија пресече канал за нелегална трговија со лекови од Турција во Албанија

Објавено на 2 март, 2021 во 11:00

mkd 184026

02.03.2021

Голема количина на шверцувани лекови, раствори за инјекции, таблети и кесички за орална суспензија за разни намени биле пронајдени при заеднички преглед на царински службеници и гранични полицајци на граничниот пункт Капитан Андреево меѓу Бугарија и Турција, објави Бугарската агенција за царина, пренесува дописникот на МИА од Софија.

Лекарствата се пронајдени во два камиона кои патувале од Турција преку Бугарија до Албанија. Ги пронашле дежурните граничари.

Дежурните царински службеници извршиле темелна царинска контрола, при што во кабините на возачот пронашле четири патнички торби со 2.880 раствори за инјектирање, 150 кутии со вкупно 4.284 таблети и 70 ќесички орална суспензија.

– Повеќето лекови се антитромботични и се користат за лекување на коронавирус и кардиоваскуларни болести за разредување на крвта. Друг дел се антипсихотични лекови за третман на трихомонијаза, појаснуваат бугарските цариници.

Запленети се лекови во вредност од скоро 40 000 лева (20.000 евра). На возачите, државјани на Албанија, им се издадени акти согласно Законот за царини.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.