Короната не попушта во Италија: Голем скок на новозаразени

Објавено на 12 март, 2021 во 10:43

Reception hospital Italy 800x600

12.03.2021

Во Италија, забележан е голем скок на новоинфициран коронавирус со вирусот за еден ден – од 370 000 тестирани, 25 000 биле заразени, а 373 пациенти починале, пренесува агенцијата Анса.

Процентот на заразени лица исто така се зголемува во однос на вкупниот број на испитани лица – од еден на друг ден, бројот на заразени се зголеми за еден процент и сега 6,9 проценти од испитаните се позитивни на вирусот.

Други епидемиолошки податоци исто така потврдуваат дека инфекцијата со ковид-19 се зголемува веќе четврта недела, исто како што предупредуваа научниците.

Во единиците за интензивна нега има 2.859 пациенти, а во 11 од 20 италијански региони единиците за интензивна нега се пополнети повеќе од границата што се смета за алармантна.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.