„Астра Зенека” суспендирана во Франција, Италија и Германија

Објавено на 16 март, 2021 во 09:04

Vakcina astrazeneka

16.03.2021

Од Европа стигна веста дека Франција и Италија ја прекинаа имунизацијата со „АстраЗенека” со што се придружија на Германија, Холандија, Ирска, Данска, Норвешка, Исланд, Австрија, Естонија, Летонија, Литванија и на Луксембург кои го прекинаа вакцинирањето со таа вакцина.

Германија ја суспендира употребата на вакцината „како превентивна мерка” по пријавувањето на несаканите ефекти. Од регионот тоа го направија Хрватска и Бугарија.

„АстраЗенека” завчера соопшти дека нема докази дека нивната вакцина против ковид-19 го зголемува ризикот од згрутчување на крвта.

И Светската здравствена организација вчера соопшти дека ги анализира извештаите поврзани со вакцината на „Астра Зенека” против ковид-19, но дека досега нема докази дека некои здравствени проблеми биле предизвикани од вакцината.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.