Швајцарска фармацевтска компанија „Рош” ќе прави софистицирани тестови за откривање на нови мутации на ковид-19

Објавено на 16 март, 2021 во 10:38

n3061

16.03.2021

Швајцарска фармацевтска компанија „Рош” соопшти дека работи на нов дијагностички тест, чија цел е откривање нови мутации на коронавирусот во лабораториски услови.

Новиот тест, кој ќе се користи во лабораториски истражувања, би требало да го олесни следењето на мутациите на вирусот за научниците, нивната распространетост и потенцијалното влијание врз дијагнозата на инфекции, вакцини и третмани, се наведува во соопштението на швајцарската компанија.

Наречен Cobas®SARS-CoV-2 Variant Set 1, тестот овозможува откривање и диференцијација на различни мутации забележани како британска, јужноафриканска и бразилска варијанта.

– Континуираното надгледување и следење на новите мутации на коронавирусот е клучно за јавното здравје, изјави Томас Шинекер, директор на одделот за дијагностицирање на „Рош”.

Следењето на новите мутации ќе им помогне на здравствените системи да одлучат какви мерки ќе преземат во борба против ковид-19, соопшти „Рош”.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.