Словенија од денеска продолжува со употреба на вакцината на „АстраЗенека“

Објавено на 19 март, 2021 во 09:33

 116680252 065384827

19.03.2021

Словенија од денеска продолжува со употреба на вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“, откако Европскиот регулатор за лекови објави дека здравствените придобивки ги надминуваат ризиците, изјави министерот за здравство Јанез Поклокар.

Словенија во понеделникот ја прекина имунизацијата со вакцини на „АстраЗенека“. Извештаите за ретки случаи на згрутчување на крвта поттикнаа повеќе од десет земји привремено да ја запрат вакцинацијата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.