Трамп се враќа на социјалните мрежи, ќе си прави своја платформа

Објавено на 22 март, 2021 во 09:47

thumbs b c 736a94cec2f15130b2b969b3ea64f116

22.03.2021

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кому од јануари му е забранет пристап до Твитер, за три месеци ќе се врати на социјалните мрежи со своја платформа, соопшти неговиот советник Џејсон Милер.

– Мислам дека ќе го видиме претседателот Трамп повторно на социјалните мрежи за веројатно два до три месеци, со своја платформа, изјави Милер за „Фокс њуз”, но не даде други детали за таа нова платформа.

Милер рече дека платформата ќе биде голема и оти би требало да привлече милиони корисници.

Твитер, кој беше главната комуникациска алатка на Трамп за време на неговите претседателски денови, во јануари трајно го укина неговиот профил со 88 милиони следбеници. Неговата страна беше укината поради повеќекратно поттикнување на насилство и по немирите на неговите приврзаници во Капитол Хил.

На Трамп привремено или трајно му е забранет пристап и до други платформи и социјални мрежи како што се Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и Снепчат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.