Хрватското тло не мирува, нов земјотрес во Далмација
Објавено на 8 април, 2021 во 08:03
08.04.2021
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван утрово во Сплит и пошироката област на Далмација.
Според Сеизмолошката служба, земјотресот се случил во 05.57 часот, со епицентар на 22 километри источно од Дрниќ, пренесува Индекс.хр.
Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар наведува дека земјотресот бил почувствуван на пошироко подрачје – во Солин, Шибеник, Книн, Макарска и Биоград на Мору.
Жителите на Сплит изјавија дека во тој град имало силен тремор, а некои на социјалните мрежи напишале дека „целата куќа се тресела“
