Расте бројот на деца со коронавирус во болниците во Словенија
Објавено на 28 септември, 2021 во 12:52
Во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана има сѐ повеќе деца заразени со коронавирусот што се сместени на одделот за интензивна нега.
Поради зголемениот број деца со респираторни проблеми, раководството на болницата размислува да го ограничи бројот на прегледи и интервенции, пренесува ТВ Словенија.
Директорот на Клиниката за детски болести, Марко Покорн, вели дека ситуацијата е слична на онаа од минатиот декември, кога таа клиника беше преполна.
Тој, исто така, рече дека кај децата коронавирусот е измешан со респираторниот вирус.
„Имаме деца што имаат пневмонија, но и деца со рак, што имаат ковид. Некои тоа многу добро го поднесуваат, кај некои болеста трае долго време“, рече Покорн.