СЗО бара постепено ублажување на епидемиолошките мерки

Објавено на 2 февруари, 2022 во 10:22

Многу земји не го достигнаа пикот на бранот на високо преносливиот сој на коронавирус омикрон, па затоа мерките за спречување на неговото ширење треба постепено и внимателно да се ублажуваат, изјави Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот оддел за Ковид-19 при СЗО.

Шефот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан, ги повика државите самостојно да го следат својот пат за излез од пандемијата, а не слепо да ги следат другите и да ги ублажуваат рестриктивните мерки, пренесува Ројтерс.

„Ако брзо ја отворите вратата, подобро да можете и да ја затворите прилично брзо“, предупреди Рајан.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.