Тим на Зоолошка градина Скопје ослободи мечка уловена во стапица во близина на Дебарски Бањи (Видео и фото)
Главниот инспектор за ловство, Зоран Вуич побарал додека екипа на Зоолошка градина Скопје составена од биолог, Милошевски Јорданчо и ветеринарен техничар, Сашо Панчев се упатила во близина на Дебарски Бањи, месност викана „Пијане“ каде возрасна кафена мечка била фатена во стапица за диви свињи, соопшти Центар за управување со кризи.
„Бидејки сеуште не е формиран интервентниот тим на државно ниво за справување со големи цицачи (неговото формирање е во крајна фаза), тимот од Зоолошка градина Скопје заедно со инспекторот за ловство излегле на лице место, со специјално средство ја успале исплашената мечка која била фатена со сајла околу градниот кош, ја ослободиле од стапицата и и’ ги исчистиле раните од сајлата кои не биле големи. Откако се освестила од опојнито средство мечката заминала,“ пишува ЦУК.
Оттаму дообјаснија дека целата оваа интервенција се одвивала во присуство на полициски службеници на Полициската станица Дебар на коишто ЦУК им упати благодарност како и на ловочуварската служба на ловиштето „Канеш“ во Стогово и на месното население. Особена благодарност е упатена кон тимот на Зоолошка градина Скопје кои на стручен начин успеале да ја спасат уловената во стапица мечка.
Дума.мк