Топлиот бран од Шпанија доаѓа во Македонија, доаѓаат 42 степени!

Објавено на 2 јули, 2025 во 09:06

„Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, однсно од Африка, која е поврзана со поле на висок воздушен притисок, следува долг период на стабилно, суво, сончево и многу топло време во Македонија (многу топол и сушен период) кој што носи опасност од појава на шумски пожари.

Што се донесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени, додека од викендот, како и во наредната седмица во Повардарието температурата ќе се искачи до околу 42 степени. Слични температури очекувам и во Скопскиот регион.

За време на овој многу топол бран ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а  Ув индексот ќе има многу висока вредност 9. Токму поради ова, апелирам, граѓаните, особено оние возрасните, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.