Тошковски: Очекувам да стигнеме до три илјади пасоши на ден
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски очекува во иднина производството на пасоши дневно да се зголеми на 3.300.
Вкупниот број на лични документи којшто е потребно да се заменат, Тошковски проценува дека е некаде од прилика околу два милиона и посочува дека очекува да се дојде до бројка од околу 75.000 месечно што е максималниот капацитет.
-Сега да не се правиме ние дека сме не знам што, но, сето она време кое што можам да го дадам за да подобриме нешто во процес во наредниот период којшто ни останува, 70 и некој ден до избори, па и она време по избори, овој процес нема да застане за време на избори ќе го дадам заедно со целокупниот тим којшто е околу мене, заедно со сите оние коишто се добронамерници и во рамки на Министерството и во однос на ова прашање. Негде од прилика бројката која што во континуитет ја имале како бројка за производство во Министерството е околу 50.000 пасоши на месечно ниво. Бројката која што сакаме да ја достигнеме, реална бројка, е некаде околу 75.000 пасоши на месечно ниво, вели Тошковски.
Презакажувањето, појаснува Тошковски, ќе се прави така, што на 20 дена ќе се прави прочистување на списоците. Тоа значи дека ако претходно некој имал термин 15 декември сега ќе има термин крај на април.
– Од 1 мај сега се дојдени мислам до август. Како што се ослободуваат овие термини во делот на – првично се пополнуваат термини заклучно со април заради тоа што и таму беа констатирани. Значи, пресекот почна да се презакажуваат луѓето од 1 мај па натаму. Но, од листите коишто ги прочистувавме имаше слободни термини и во април, вели Тошковски.
Дума.мк