Трет протест на ССМ со барање за зголемување на работничките плати – ќе се блокираат пристапите кон зградата на Владата
Објавено: 17 февруари, 2026, во 09:22 часот
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) денеска ќе ги блокира пристапите кон Владата, барајќи зголемување на минималната плата за 600 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра.
Владата е третата институција што ќе биде блокирана од синдикатот, откако минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора.
Блокадата, како што соопштија од ССМ, се организира затоа што Владата и работодавачите не постигнале договор за зголемување на платите, како и поради тоа што минатата година Владата не го прифатила предлогот за субвенционирање на дел од придонесите.
На блокирањето на влезовите на Владата, која денеска треба да одржи редовна седница, ќе учествуваат по 21 лице, колку што предвидува Законот за јавни собири.
Од ССМ посочија дека Владата има можност на денешната седница да донесе одлука за зголемување на платите на работниците.
Дума.мк


