Тропска ноќ во повеќе градови низ Македонија, температурите не се спуштија под 20 степени
Објавено: 23 јуни, 2026, во 09:37 часот
Утрото во Македонија осамна ведро и релативно топло, без изразен ветер, а изминатата ноќ на повеќе места беше регистрирана таканаречена тропска ноќ, кога минималната температура не се спушта под 20 степени Целзиусови, пишува Метео аларм.
-Изминатата ноќ на повеќе локации во Македонија имавме тропска ноќ, односно температурите останаа над 20 степени. Ваквите вредности се показател за влијанието на топлата воздушна маса која е присутна над регионот, објасни метеорологот Славчо Попоски.
Од Метео Аларм информираат дека на метеоролошката карта се прикажани измерените минимални температури во текот на изминатата ноќ низ Македонија, кои потврдуваат дека во повеќе градови ноќта била невообичаено топла за овој период.
Дума.мк


