УХМР: Од вторник дожд и силен ветер

Објавено: 17 ноември, 2025, во 08:00 часот

Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната дневна ќе достигне 19 степени, соопшти УХРМ.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурата ќе биде од 3 до 15 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.