УХМР: Промена на времето од утре
Објавено на 4 август, 2021 во 16:13

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец.
Во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град.
УВ=9
