УХМР: Сончево со мала до умерена локална облачност
Објавено: 12 август, 2021, во 09:22 часот
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.
Следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината. До сабота ќе дува повремено засилен северен ветер, а од почетокот на идната недела ветерот ќе го промени правецот во југозападен.


