Ведро и многу студено со температури под минус 10 степени
Објавено: 23 декември, 2021, во 09:29 часот
Ведро и многу студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утре изутрина ќе биде ведро и студено со ниски температури кои повторно на места ќе се спуштат под минус 10 степени. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
За време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Од недела ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд. Утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.


