Вицепремиерот Димитров на состанок на иницијативата „Отворен Балкан” во Белград
Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан” продолжува на работен состанок денеска и утре во Белград, на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција” на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и прес–конференција.
Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата.
Прес-конференцијата со изјавите на учесниците може да се следи во живо на следниов линк: www.tanjug.rs