Викенд метео прогноза: Зголемена облачност со засилен ветер од северен правец

„За време на овој викенд, особено утре, сабота, 11 октомври, во Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе услови појава на сосема слаб и локален дожд. Особено во Повардарието и во источните предели ќе биде многу ветровито, ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец и локално со брзина од над 60 км/час.
Повеќе сонце и многу послаб ветер ќе имаме во недела, 12 октомври.
И во Скопје и околината особено утре, сабота, 11 октомври, повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Во недела, 12 октомври, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во Скопје и околината, во сабота наутро температурата ќе се спушти до околу 10 степени додека дневната ќе се искачи до околу 18 степени додека во недела, 12 октомври максималната температура во Скопје и околината ќе се искачи до околу 21 степени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


