Викендов почнува летното сметање на времето
Објавено на 29 март, 2024 во 17:47
Овој викенд, помеѓу 30 и 31 март започнува летното сметање на времето, што значи дека денот на 31 март ќе трае еден час пократко.
Летното сметање на времето почнува во недела на 31 март, во 2 часот наутро. Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, па времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот.
Оваа година тоа ќе трае до 27 октомври, кога во 3 часот наутро стрелките повторно ќе се вратат еден час наназад.
Летното сметање на времето во Македонија постои од 1983-та година, која во тоа време беше дел од СФРЈ. Во земјава од 1996-та година, летното сметање е регулирано со закон.
Дума.мк