Викендов повторно локална нестабилност, но и услови за невреме

Објавено: 5 јуни, 2026, во 08:58 часот

„Денес, петок, 5 јуни во Македонија ќе имаме постабилно и релативно суво време, иако во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За време на овој викенд (сабота 6 и недела 7 јуни ) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено утре, сабота, 6 јуни.

Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува  и слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Да напоменам дека утре во попладневните часови локално ќе има услови атмосферските процеси да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервал од 10 до 18 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервал од 25 до 32 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 15  и 6 степени, а преку денот ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 31 степен,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.