Вирусот се шири, за 10 дена издадени над 1.500 решенија за изолација

Објавено на 11 август, 2021 во 09:50

Бројот на заразени лица со ковид 19 во земјава расте. Вчера беа регистрирнаи нови 518 лица, а починаа 4 лица.

Само последните 10 дена ДСЗИ издал над 1500 вакви документи, а на 30 јуни биле изолирани само двајца граѓани .

-Лесната достапност на брзите тестови и домашното тестирање можеби овозможува ваква комфорност, јас би рекла несовесност на граѓаните бидејќи ако брзиот тест дома изработен е позитивен тој е должен да направи ПЦР тест за да влезе во системот на позитивни граѓани. Дали клиничкјата слика ќе биде блага не дозволува да ги ставаме во ризик останатите граѓани. Колективниот интерес е над индивидуалниот, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ во емисијата „Магазин“.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.