Висок број на вакцинирани граѓани, од следната недела и ковид- пасоши
Се помалку заболени од ковид-19 се бележат во дневните статистики. Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека следната недела ќе започне издавањето на македонскиот зелен пасош за патување во странство. Тие ќе имаат QR код кој ќе содржи информации за вакцинацијата, ПЦР тестовите и атнителата.
Во однос на процесот на имунизација вчера се вакцинирале 12.211 граѓани, од кои прва доза примиле 9 711. Вкупно се аплицирани 232.485 дози вакцини, а ревакцинирани се 36.366 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани. Со последните бројки 44 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а 36 отсто од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265 и бројот на активни случаи изнесува 3.040.