Владата ќе ја одржи 54-та седница

Објавено на 21 јуни, 2022 во 10:12

Владата на Република Северна Македонија, денеска, ќе ја одржи редовната 54-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, на предлог на Министерството за економија ќе се разгледува Предлог-законот за заштита на потрошувачите како и Информација за потребата од изготвување на закон за нефер трговски практики.

Меѓу другото, на денешната седница пред министрите ќе се најде и Предлог на закон за изменување на Законот за извршување на санкции, изготвен од Министерството за правда.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:30 часот, јавноста ќе биде информирана веднаш по нејзиното завршување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License