Владата одлучи да ги зголеми за 2.500 денари пензиите во септември, годинава и уште за толку вгодина, во март
Објавено на 28 јуни, 2024 во 16:29
Во соопштението од одржаната прва седница на Владата, денеска, пишува дека донесена е одлука за зголемувањето на пензиите на пензионерите во Македонија. Зголемувањето ќе се случува во два наврати, поточно половина од првично ветените 5.000 денари годинава, во септември и уште толкава сума на пари вгодина во месец март.
„Владата расправаше и за зголемување на пензиите од 5.000 денари, пришто беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на два пати, од кои првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март,“ соопшти владата.
Дума.мк