Во четврток, доаѓаат големо заладување и планински снег

Објавено: 27 април, 2026, во 09:02 часот

„Под  влијание на значително  поладна воздушна маса од север, веќе во четврток, 30 април, во  Македонија температурите значително ќе опаднат за околу и за  повеќе од 10 степени во споредба  со тие што ги имаме сега. Времето ќе  биде променливо облачно со локални врнежи од дожд додека поради заладувањето на планините над 1200/1300  метри надморска височина врнежите од дожд  ќе преминат во врнежи од снег.

Се ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје и околината, исто така, во четврток, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и со повремено засилен  ветер од северен  правец. И во Скопје и  околината очекувам значително заладување на времето.

Температурите во четврток во Македонија ќе бидат значително под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервал од 9 до 18 степени. Во  Скопје и околината  температурата ќе се искачи до околу 14 степени.“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.